ФЗОМ: Граѓаните да си ги подигнат електронските здравствени картички

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички (ЕЗК) во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.

Од ФЗОМ ги повикуваат граѓаните да си ги подигнат картичките во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и нивното активирање или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на електронската здравствена картичка кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и нејзина заштита.

Подигнувањето на езк се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации за електронските здравствени картички граѓаните може да ги добијат во подрачните служби на Фондот или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите [email protected],[email protected] и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on