ФЗОМ: Фондот одобри болничко лекување во Истанбул за девојчето од охридско во јуни

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку ова соопштение сака да ја информира јавноста во врска со поднесеното барање за упатување на болничко лекување во странство на осигуреникот К.Б. за неговото дете К.Е и при тоа изразува најдлабоко сочуство до семејството за изгубениот млад живот, информираат од ФЗОМ.

„Осигуреното лице К.Б. за неговото дете К.Е. до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, поднесе барање за упатување на лекување во странство УП1 бр. 10-170 од 25.06.2018 година во прилог на кое достави Предлог за упатување на лекување во странство на стручниот конзилиум на Клиниката за детски болести во Скопје бр. 0403-5/603 од 21.06.2018 година и Мислење за упатување на лекување во странство за виталнозагроузвачки случај на стручниот конзилиум на Клиниката за детски болести во Скопје бр. 0403-6/603 од 21.06.2018 година.

Поднесеното барање беше разгледано во два наврати од страна на Лекарските комисии за упатување на лекување во странство при Фондот и по прибавување на потребната документација неопходна за донесување на решение на седница одржана на ден 27.06.2018 година Лекарските комисии дале конечна оценка и мислење врз основа на кои Фондот донесе решение УП 1 бр.10-170 од 28.06.2018 година со кое на осигуреникот К.Б. за неговото дете К.Е. му одобри упатување на болничко лекување во странство во Универзитетската клиничка болница Gaziosman Pasa во Истанбул, Турција во траење од 150 дена за спроведување на хемотерапија и алогена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во вкупен износ од 145.000,00 евра, со придружник при заминување и при враќање од лекувањето. Со ова Решение е одобрено патување со санитетски авион при заминување на лекувањето за кое трошоците ќе беа предмет на посебна постапка, а при враќање патување со авион. Пред донесување на решението осигуреното лице го уплати законски предвиденото лично учество во трошоците во висина од 20% од трошоците за болничкото лекување во странство но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност во износ од 12.300,00 денари.

Осигуреникот поднесе жалба до второстепениот орган односно до Управниот одбор на Фондот УП 2 бр.02-37 од 06.07.2018 година. Управниот одбор преку Второстепената лекарска комисија ја разгледа жалбата на осигуреникот и документацијата доставена во прилог на истата по што второстепениот орган ја потврди одлуката на првостепениот орган и донесе решение заведено под бр. УП 2 02-37 од 12.07.2018 година.

Согласно горенаведеното, Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањето на осигуреното лице и му одобри упатување на болничко лекување во странство според постојните законски и подзаконски акти“ се вели во соопштението на Фондот за здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on