Функционерските плати, игрите на среќа и стратешките инвестиции пред пратениците

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолжението на 145. седница, на која на дневен ред меѓу другите, се Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во трето читање и четирите предлог-закони за стратешки инвестициски проекти – Предлог на законот за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, Предлог на законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект AIM GREEN TECH, Предлог на законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје и Предлог на законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа Пехчево, сите по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и предлог-законите на пратениците на СДСМ кои се однесуваат на функционерските плати – Предлог на законот за изменување на Законот за пратениците, Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Предлог на законот за изменување на Законот за платите на судиите, сите по скратена постапка.

Во прво читање на оваа седница се и Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за државното правобранителство, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка, Предлогот на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија, по скратена постапка, Предлог на Националната развојна стратегија 2024 – 2044, Предлог на законот за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог на закон за изменување на законот за фитофармација, сите по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов