Функционери на огранокот од Чаир на ДУИ против градоначалникот Висар Ганиу

Од:

Ние, потписниците на ова писмо, високи членови на огранокот на ДУИ во Чаир и другите локални и централни партиски тела сме особено загрижени за околностите во нашите локални структури од причина што од изборот до денес, цели три годни, не се одржа состанок на огранокот на ДУИ во Чаир, ниту пак е ревидирана реализацијата на ветената локална и централна изборна програма, а никој од одговорните лица не се повикани на одговорност за реализираните или нереализираните проекти, се вели во соопштението на неколку функционери на ДУИ од Чаир.

„Секоја услуга, секој проект ветен пред граѓаните, сме имале можност да го реализираме само затоа што таква можност ни делегираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Затоа, длабоко сме разочарани од индивидуалните јавни реакции на градоначалникот на општина Чаир и се оградуваме од употребениот навредлив јазик и обидите за присвојување и инсталирање на поделба. Воедно, повикуваме веднаш да престане злоупотребата на позицијата за вакви поединечни агенди кои не се во согласност со лидерот Али Ахмети и ДУИ.

Ние недвосмислено го поддржуваме и цврсто стоиме зад лидерот Али Ахмети и ДУИ. Исто така, апелираме ниту еден поединец да не биде повикан во името на огранокот на ДУИ за интеграција на Чаир за лични агенди надвор од политичките определби и програми на нашиот лидер, Али Ахмети и ДУИ“.

Потписници на ова писмо се Назиф Буши, потпретседател, Ардијан Муча, потпретседател, Рами Ќерими, генерален секретар, ветеран на ОВК, Абдилселам Селами, организационен секретар, Амела Кана, претседателка на женскиот форум, Куштрим Ала, претседател на младинскиот форум, Иса Хоти, член на огранокот, Бесник Османи, член на огранок, Бујар Османи, член на централното раководство и портпарол, Назим Буши, член на централното раководство, ветеран на ОВК, Бујар Дардишта, директор, Шаип Зенели, ветеран на ОВК, Илми Селами, заменик директор, Мухарем Асани, ветеран на ОВК, Екрем Буњаку, Незир Барди, ветеран на ОВК, член на генералниот совет, шеф на огранокот, Екрем Нуредини, Менсур Цури, советник во општина Чаир, Енвер Барди, ветеран на ОВК, Екрем Нуредини, ветеран на ОВК, општински советник, Омер Буњаку, Мухамет Заими и други.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично