ФСП: Со која агенда министерот Димитров во среда оди за Грција?

Од:

„Пред најавената средба на Министрите за надворшни работи на Република Македонија и Република Грција, Форумот на слободоумни патриоти сака јасно и гласно да му каже на Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Република Македонија дека нема ама баш никој нема право да преговара за нашето Уставно име.

Сакаме да му укажеме на Министерот Димитров дека за тоа име и за нашата слобода многу генерации Македонци го положиле својот живот. Ние не смееме да заборавиме на нивните аманети, ниту имаме право да одлучуваме во име на генерациите кои доаѓаат!

Го повикуваме Министерот Димитров јасно и гласно да и каже на македонската јавност со која агенда оди во среда за Атина на средба со Министерот за надворешни работи на Република Грција.

За крај Министре, преку 130 држави не признаа под уставното име и тоа е верификувано во Организацијата на обединетите нации, време е мудро да се искористи тоа! Време е Министре да ги дефинираме нашите црвени линии, позиции од кои нема отстапување“, се вели во соопштението на ФСП.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов