Слободоумни патриоти: ВМРО-ДПМНЕ да се огради од коалициониот партнер ДУИ

Од:

Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО ДПМНЕ јавно да се дистанцира и да се огради од вчерашните активности во Атина на нивниот коалиционен партнер ДУИ.

Тие сметаат дека ВМРО ДПМНЕ треба да му укаже на својот коалиционен партнер дека нема мандат да преговара за името на нашата држава, бидејќи истите тие кои преговараат со Грција во 2001 година со кукавички акции ги напаѓаа Македонските безбедносни сили и директно го рушеа Уставниот поредок на Република Македонија.

-Доколку раководството на ВМРО ДПМНЕ јавно не се огради од нивниот коалиционен партнер, тогаш оваа нивна активност може да се свати како уште една добро договорена и режирана акција помеѓу нив, а се со цел замајување на јавноста и отргнување од актуелната политичка криза и вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, стои во соопштението на слободоумни патриоти упатено до раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата