Фросина Ременски се појави во Кривичниот суд за „Рекет“

Од:

Пратеничката Фросина Ременски се појави во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за проширената истрага за случајот „Рекет“.

Судијката на претходна постапка ќе треба да одлучи ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, што ги бара обвинителката Вилма Русковска, одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште (Скопје) и еднаш неделно задолжително јавување во судот.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка.

На Јасна Мандиќ, заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“ пак, синоќа ѝ беше определен куќен притвор.

Во случајот „Рекет“ досега беа осомничени Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор, додека Кичеец минатиот месец беше пуштен во домашен притвор. Тие се под истрага за изнудување рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Обвинителството вчера ја прошири истрагата, па освен за Јовановски, истрагата ја насочи и кон Ременски, Јасна Мандиќ, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и за асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова. Тие, според истрагата, биле вмешани во спорен трансфер на околу 720.000 евра преку две градежни фирми до „Меѓународниот сојуз“.

Според обвинителството, првосомничениот Боки 13 како претседател на невладината организација од Силјан Мицевски, директорот на градежната фирма „Пелистер“ му извлекол огромна сума на пари само врз основа на проект за изградба на пензионерски дом во Битола. Вториот бизнисмен за кој Јовановски се сомничи дека извлекол пари на истата основа е Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим билдинг“.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка