Фронтот на народот со осуда за синоќешниот инцидент на протестите на опозицијата

Од:

Фронтот на народот, Фронт за Македонија денеска преку соопштение го осуди вчерашниот физички напад врз граѓанин, пензионер кој синоќа беше нападнат во обид да праша за причините за блокадата во центарот на Скопје од страна на опозицијата.

– Обидот со тупаници да се замолчи народот е обид да се сруши демократијата. Ние се ставаме во одбрана на народот, на недолжниот пензионер на кого со тупаници му објаснуваат зошто се излезени на улица. Она што не им успеа во понеделникот, кога ги прескокнаа барикадите и тргнаа да се пресметуваат со нас, обичните граѓани го направија вчера. Тие физички се пресметаа со недолжен пензионер. Но, пораката е, секој кој пробал да тепа народ, се соочил со народ, стои во реакцијата од ова здружение.

Фронтот за народот воедно со апел до сите одговорни субјекти и политичари без оглед на нивната партиска припадност да го осудат, како што велат, срамниот чин на демонстрирање јавно насилство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски