Фронт на народот: Сите сме одговорни за Македонија

Од:

Како граѓани сме одговорни за секој искажан збор за Македонија, каде работите не се црно-бели. Македонија е поголема од сите власти. Тие доаѓаат и заминуваат, а Македонија останува, затоа сите сме одговорни за неа, изјави професорката Виолета Наумовска, на трибината што денеска ја организира граѓанската организација Фронт на народот, Фронт за Македонија.

Според неа, секое наше однесување треба да биде позитивно претставување на Македонија.

Наумовска потенцираше дека она што претставува основна водилка на Фронтот е да не се гледаат разликите, туку да се гледа она што не здружува. Таа рече дека секое наше однесување треба да биде во прилог на градење на позитивна сила.

Режисерот Братислав Димитров, зборувајќи за одговорноста, рече дека не е само власта таа која е одговорна за случувањата во општеството. – Силна опозиција, таа ќе внимава како власта ги троши парите. И најдобрата театарска претстава без публика не е успешна, рече Димитров.

Пејачот Мики Јовановски – Џафер смета дека сега не е време за молчење и оти граѓаните треба да си го кажат своето мислење, бидејќи ако молчиме ништо нема да смениме.

Претседателот на студентскиот Парламент Кирил Спирковски рече дека студентите се борат против политичката елита. Ниту власта, ниту опозицијата не се причина за апатичноста на студентите. Според него, најголем апсурд на денешницата би бил насилството да се излее на улица. – Треба да се седне на маса, да се разговара, смета Спирковски.

Раскажувајќи басна во која гавранот му го вади окото на славејот, а судија е магарето, Сашо Гигов Гиш порача „да не дозволиме магаре да ни ја одредува судбината“.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска