Фронт на народот, фронт за Македонија бара итно деблокирање на буџетот

Од:

Иницијативата „Фронт на народот, фронт за Македонија“ денеска побара итно спречување на блокадите во Собранието на Република Македонија и донесување на буџетот на државата. Очекуваат опозицијата итно да престане да го држи во заложништво народот и да го ослободат буџетот без никаква уцена.
На денешната прес-конференција поддржувачите на иницијатаивата најавија и мирен протест утре, напладне пред Собранието и ги повикаа сите засегнати граѓани да излезат и да им се пдидружат.

Еден од иницијаторите актерот Роберт Велјановски информира дека водени од нивната слободна и демократска мисла, од идеите за подобро секојдневие и иднина, залагајќи се за остварување на своите, како што вели, заслужени права и интереси се обединиле во Фронт на народот, фронт за Македонија, а се организирале преку социјалните мрежи.

– Се обединувме со цел да се спротивставиме на штетните политики на политичките сили и политичарите кои го кочат развојот на општеството и ги блокираат нашите примања, плати, пензии, социјална помош, субвенции, вработувања и кои спречуваат проекти од културата, изградба на училишта, патишта, болници, сали и остнати инфраструктурни објекти кои се од значење за граѓаните, рече Велјановски.

Тој потенцира дека остро и силно ги осудуваат и се спротивставуваат на сите облици на рушење на демократијата од страна на пратениците кои, како што рече, се платени од народот на Македонија.
– Народот го бара тоа што му е ветено и никој нема право со блокада тоа да го спречи. Народот не може и не смее да биде заложник на политичките кариери на поединци. Секој оној кој ќе проба народот да го користи како инструмент за свои политички поени и да ги блокира нашите пари ќе се соочи со револтот и со силата на народот, нагласи Велјановски и побара политичарите веднаш да му се извинат на народот за болокадите.

Политичарите итно, потенцира тој, да ги тргнат своите раце од нашите пари, да престанат да го држат во заложништво народот и да го ослободат буџетот без никаква задршка и уцена. – Буџетот се пари на народот. Народот има потполно право на тие пари, рече Велјановски.

Никола Стаменов, претставник на земјоделците од Струмичкиот регион изјави дека се самостојна граѓанска иницијатива поттикната од, како што посочи, неразумното однесување на политичарите, односно пратениците кои, вели, преку деструктивност и неразумно однесување предизвикуваат серија проблеми.

– Блокадата на буџетот значи блокада на интересите на граѓаните. Буџетот се полни со парите на сите граѓани и се троши за интересите на сите граѓани, потенцира Стаменов и додаде дека немаат политички барања или амбиции, туку чисто граѓански барања.

Љупчо Аризанов, лозар од Каваадарци смета дека политиката која ја води СДСМ со блокирањето на буџетот ги става сите нив во заложништво.

– Поради некои политики и поединци, кои се од 10 до 15 пратеници во Собранието на чело со нивниот водач, треба да им е срам Македонија да биде залог за нивните лични интереси. Политиките кои заткулисно ги води Бранко Црвенковски и неговата екипа не се добри. Посебно сега, со блокадата на буџетот коешто го вршат директно, тука ги засегнува сите граѓани на Република Македонија. Нема гранка која нема да биде засегната во тој дел, рече Аризанов.

Тој нагласи дека благодарение на оваа Влада која сега функционера во последните две-три години наишле на разбирање и на поместување на цените нагоре.

Иницијативата Фронт на народот, фронт за Македонија ја поддржуваат луѓе од различни сфери од општеството, земјоделци, актери, уметници, професори, претставници на граѓани, лица кои примаат социјална помош, пензионери, студенти…

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6