А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Нови елементи за одредување притвор во акцијата „Титаник”

by А1он07/03/2016 - 19:4907/03/2016 - 19:50164
Share0

„Со вчудоневидување и неверување ги следевме јавните настапи на главно осомничените во акцијата „Титаник“ поранешните министри за внатрешни работи и транспорт и врски и нивното елементарно непочитување на Законот за кривична постапка како и молкот на надлежноте институции. Да се потсетиме дека судијата во предистражната постапка како и кривичниот совет одлучија на осомничените Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески во акцијата „Титаник” да не им одредат мерка притвор по барање на Специјалното јавно обвинителство, меѓудругото и со образложение дека осомничените немаат можност да влијаат на сведоците во постапката.

Добивај вести на вибер

Меѓутоа и едниот и другиот во своите јавни настапи спротивно на одребите на Законот за кривична постапка изнесоа детали од текот на предистражната постапка и изнесуваа нивни ,,факти” и на тој начин тие свесно јавно го попречија непристрасното одвивање на понатамошниот тек на предистражната постапка. Со своите јавни медиумски настапи и двајцата свесно извршија јавно влијание на потенцијалните сведоци, вештаци како и на соучесниците и прикривачите во процесот. На тој начин тие го повредија членот 165 став 2 од Законот за кривична постапка.

Оттаму ФРОДЕМ апелира до Специјалното јавно обвинителство да не дозволува непристрасноста на истрага за случајот ,,Титаник” да биде доведена во прашање  со јавно кршење на одредбите од Законот за кривична постапка. Поради овој преседан кој го направија  осомничените со помош на дел од медиумите, СЈО е должно повторно да побара мерка притвор за овие двајца осомничени.  Само со прифаќање на мерката притвор од страна на судијата во предистражната постапка ќе биде спречено понатамошното перфидното влијание на сведоците и останатите ученици во постапката и на тој начин ќе се овозможи објективна и непристрасна понатамошна постапка“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodemtitanik

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Предраг Петровиќ26/01/2024 - 16:02

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски28/11/2023 - 10:23

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Катерина Ѓуровски16/11/2023 - 12:04

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Александар Тодески18/09/2023 - 12:36

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески18/09/2023 - 10:0718/09/2023 - 12:36

По 3,5 години затвор за Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ во повтореното судење за „Титаник 3“

A1on14/07/2023 - 10:5214/07/2023 - 12:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен