Фридом хаус: Во Македонија владее хибриден режим

Од:

Во новиот извештај на Фридом хаус, „Нации во транзиција“, Македонија има пад во шест од седумте категории- национално демократско владеење, изборен процес, независност на медиумите, локално демократско владеење, владеење на правото и независност на судството, борба со корупцијата.Единствен напредок се забележува само во категоријата граѓанско општество, каде оценката се движи од 3,50 на 3,25.

Според оваа статистика, Македонија има полоша оценка од минатата година, односно од 4.07 сега оценката е 4.29, на скалата според која 1 е највиоко ниво на демократски развој, а 7 е најниско ниво на демократски равој.

Capture

Падот на земјава во извештајот на Фридом Хаус е поради откритијата за тешки неправилности на изборите во 2014 година, што предизвика бојкотот на опозицијата во парламентот, како и информации за масовно прислушување од страна на власта.

Во извештајот се наведува дека и покрај обвинувањата за местење на изборите, поранешниот премиер Никола Груевски го одолговлекува спроведувањето на договорот од Пржино за да се врати на власт преку предвремени избори закажани за јуни.

Capture2

Во регионот полоша генерална оценка во извештајот имаат само Босна и Херцеговина (4.50) и Косово (5.07). Подобри од Македонија се Албанија (4.14), Црна Гора (3.93), Србија (3.75), Хрватска (3.68), Бугарија (3.25). Во извештајот на Фридом хаус власта во Македонија е оценета како транзициска или како хибриден режим, за разлика од Србија во која се вели дека има полу-консолидирана демократија.

Би можело да ве интересира

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

Извештај на „Фридом хаус“: Северна Македонија забележала напредок, но и поларизација

Македонија останува „делумно слободна земја“ според Фридом хаус

Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред

Ана Ололовска

Македонија уште е хибриден режим според извештајот на Фирдом Хаус за „Нациите во транзиција“

Фридом Хаус: Од јуни 2020 година до мај 2021 година, рекорден број апсења поради објави на Интернет

Ана Ололовска