(ВИДЕО) Фрчковска: Јанева ќе даде исказ откако лично ќе ги види доказите против неа

Од:

Адвокатите на Катица најавија дека ќе бараат од судот Катица Јанева да се брани од слобода. Според нив, со завршување на истрагата, отпаѓа можноста таа да влијае на сведоци за случајот „Рекет“.

„Катица Јанева ќе го искористи правото лично да изврши увид во доказите, па ќе даде исказ. Во четврток ќе биде увидот. Денес ќе биде врачено решението за завршена истражна постапка. Обвинителството е должно да ја сослуша осомничената пред да се заврши истрагата. Со завршување на истрагата отпаѓа можноста за влијание врз сведоци. Кога ќе добиеме известување, ќе побараме од судот Јанева да се брани од слобода”, рече адвокатката Ирена Фрчковска.

Во врска со „црниот фонд” на СЈО, од каде Јанева барала пари за да ги прати бранителите, Фрчковска рече дека не разговарала со Јанева.

„Немавме прилика да разговараме со неа за таа тема“, додаде таа.

Здравствената состојба на Јанева е добра, рече нејзината бранителка.

„Сега состојбата на Катица Јанева е добра. Пати од хронични болести“, потенцираше Фрчковска.

Адвокатката Фрчковска додаде дека Јанева не е вклучена во истрагата за Меѓународен сојуз.

„Катица не е вклучена во истрагата за Меѓународен сојуз. Има телефонски разговори како дел од доказите, но не видовме докази од ПИ мерки“, рече Фрчковска по распитот на Јанева.

Адвокатката Ирена Фрчковска, која ја застапува Јанева, минатата недела изјави дека направиле увид во доказите што ги поседува обвинителката Вилма Русковска, но не во сите, бидејќи ѝ биле презентирани селективно. Фрчковска во неколку наврати тврди дека нејзиниот клиент Јанева не е инволвирана во „Рекет“, а ниту Обвинителството ѝ презентирало докази за делото што ѝ се става на товар.

Според истрагата што ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов. Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов