„Верувам дека бесконечната приказна со името ќе заврши многу скоро. Македонија заслужува да се реши ова прашање и сметам дека новата грчка влада по изборите ќе има и интерес да даде свој придонес“, изјави за Дојче Веле, поранешниот министер за надворешни работи и еврокомесар за правда, слобода и безбедност, Франко Фратини.
„Што се однесува до мојата земја, Италија секогаш била блиска со Македонија. Мислам дека ќе биде во состојба да продолжи да и помага и да има улога во премостувањето на овој нерешен проблем, да влијае врз создавање клима на доверба, па конечно Европската Унија на Македонија да и даде и датум за почеток на пристапните преговори“, изјави Фратини.
Тој во Берлин учествуваше во дебатата „Повеќе Европа, да, но како“, Фратини смета дека Европа не треба да го запре процесот на проширување.