А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Франсоа Оланд измисли нова земја – „Маседони“

by А1он29/07/2013 - 10:4229/07/2013 - 17:49100
Share0

Во Франција не стивнуваат реакциите, како во опозицијатата, така и на социјалните мрежи, откако претседателот Франсоа Оланд погрешно го изговори името на Македонија.

Добивај вести на вибер

Францускиот претседател на заедничката конференција за печатот со Борут Пахор во Брдо кај Крањ, одговарајќи на новинарско прашање за неговата подговтеност да помогне во решавањето на проблемот со името, следејќи го преведувачот, наместо „Маседуан“, како што правилно треба да се изговори на француски јазик Македонија, рече „Маседони“.

„За поранешната југословенска република „Маседони“, потсетувам дека Франција е подготвена да бара решение преку квалитетот на односите кои ги имаме со Грција“ – изјави Оланд без да ја исправи грешката.

Во бројните реакции на печатот по овај претседателски лапсус најчесто читаме: „Франсоа Оланд измисли нова земја – Маседони“.

Француските медиуми се запрашуваат дали Оланд ја познава герографијата, бидејќи ова е негов трет дипломатски ласпус за само два месеци.

Претходно во Јапонија во присуство на јапонскиот премиер Шинзо Абе, Оланд го помеша јапонскиот народ со кинескиот, каде беше исправен од преведувачката,додека на конференцијата со новинарите во Тунис, Холанд го помеша Тунис со Египет.

Лапсузот на Оланд со името на Македонија, дозволи за ова да се пишува во француските медиуми и посебно на интернет форумите, каде има повеќе стотици коментари во кои се потсетува на долгогодишниот спор околу името со Грција.

Оваа „јазична“ грешка на Оланд не остана незабележена, имено француската јавност не им простува ништо на своите политичари. Останува да се сочека, дали овие реакции на социјалните мрежи и печатот, ќе го инспирираат претседателот Франсоа Холанд да се ангажира околу изнаоѓањето на решение за прашањето со името и деблокирањето на евроинтегративните процеси на Македонија.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен