„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: И шефот на Штази би бил горд на Груевски и Мијалков!

Од:

Аферата која ја отвори лидерот на СДСМ, Зоран Заев за прислушувани 20.000 граѓани ја анализира и германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Голема прислушувачка офанзива“ – под овој наслов авторот на текстот во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ се прашува: „Дали шефот на македонската влада ја прислушкува целата елита во неговата држава?“

Дојче Веле ја пренесе анализата на германскиот весник во која се нотира дека Ерих Милке би можел да биде горд на македонскиот премиер Никола Груевски и на шефот на тајната служба Сашо Мијалков

Затоа што она што го сториле двете најмоќни фигури во балканската држава, која е кандидат за членство во ЕУ, може да се мери само со „остварувањата“ на тајната служба во поранешната ГДР под раководство на Милке: повеќе од 20 илјади граѓани на Македонија во изминатите години наводно биле прислушкувани по наредба на премиерот и на неговиот шпионски шеф, некои од нив и со години. Оваа (недокажана) бројка е дотолку поинтересна ако се има предвид дека Македонија е земја со два милиони граѓани“, пишува ФАЦ, објавувајќи натаму детали и од прес-конференцијата на Заев во понеделникот.

Авторот на текстот, Михаел Мартенс, цитирајќи го Заев, потенцира и дека прислушкувањето не би било можно без соработката од двата водечки мобилни оператори: Т-Мобиле и ВИП, за кои објаснува дека се во сопственост на Дојче Телеком и Телеком Австрија.

„…Видеата кои во меѓувреме беа поставени и на Јутјуб докажуваат дека било прислушкувано, но не и од кого. Европската комисија во меѓувреме сугерира, дека пресумпцијата на невиност треба да важи и за македонската влада“.

„Но истата пресумпција на невиност важи и за опозицијата која е обвинета од Груевски и од неговите медиуми- дека планирала пуч, откако увидела дека не може да победи на демократски избори. Всушност, Груевски и неговата конзервативна ВМРО-ДПМНЕ победуваат на сите избори од 2006 година досега. Западните дипломати предупредуваат дека тоа е повеќе резултат на концентрираната медиумска моќ и на бескрупулозната злоупотреба на државните ресурси за партиски цели. Но, тие притоа превидуваат дека граѓаните сепак го сакаат ВМРО (ДПМНЕ, н.з.) и дека партијата победуваше на избори и кога постоеја одлични демократски услови“.

Целата сторија може да ја прочитате на Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов