Француските медиуми пренесуваат агенциски вести за случувањата во Куманово

Од:

Интернет изданијата на француските медиуми ги пренесуваат агенциските вести за престрелките на периферијата на Куманово, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во агенциските вести се нагласува дека во операцијата на македонската полиција се повредени повеќе полицајци од кои четворица потешко. Овие инциденти се случуваат по тој на 21 април кога вооружена група од Косово накратко ја презеде контролата на полициската станица на граничната полиција на границата со Косово.

Во француските медиуми се потсетува дека во 2001 година со Охридскиот договор му беше ставен крај на конфликтот меѓу македонските безбедносни сили и албанските бунтовници. Овај договор, на албанците им донесе повеќе права во општеството.

Во агенциските текстови, се забележува исто така дека земјата во која мнозинството од 2,1 милионското население се православни Македонци, е во длабока политичка криза, проследена и со економски проблеми.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе