Францускиот дипломат Ле Роа во Скопје

Од:

Францускиот амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година, кој важи за пријател на Македонија, Ален Ле Роа од денеска до 22 септември ќе престојува во посета на Република Македонија.

Како што соопштија од француската Амбасада, во неговата агенда се вклучени серија средби со политички претставници од мнозинството и од опозицијата, при што амбасадорот ќе има можност да разговара во Скопје и во Тетово за перспективите на земјата при успешен референдум, што е услов за Македонија да направи решавачки чекор на својот европски пат.

Два приеми во резиденцијата на Франција ќе бидат организирани во рамките на посетата, еден за членовите на групата за пријателство Франција-Македонија и вториот по повод одржувањето на Патувачкиот француско-германски универзитет на Балканот, во соработка со Правниот факултет во Скопје и во присуство на министрите за одбрана, правда и образование, како и на професори и студенти.

Амбасадорот Ле Роа ќе се приклучи кон сенаторката од Ивлин и претседател на групата за соработка Франција – Западен Балкан, Марта де Сидрак и кон заменик претседателот на групата на интерпарламентарна соработка задолжен за Македонија, сенаторот Арно Базен, на конференцијата во Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи каде што ќе се сретне со дипломати, новинари и македонски невладини организации и ќе има можност да разговара пред широка публика за актуелната состојба во земјата.

Ле Роа како специјален претставник на ЕУ за Македонија во 2001 и 2002 година, во рамките на својата тогашна мисија, како што наведуваат од Француската Амбасада, ѝ помогна на земјата повторно да ја воспостави меѓуетничката доверба и да го врати својот углед во Европа. Беше генерален секретар на Обединетите нации задолжен за мировни операции (2008-2014), како и амбасадор во Италија (2011-2014) и генерален секретар на Европската служба за надворешни работи за периодот од јануари 2015 до август 2016 година.

Ле Роа има долгогодишно искуство за состојбите во регионот, како заменик специјален координатор на ООН во Сараево во 1995 година и префект на Пеќ во периодот 1999 – 2000 година, но исто така и во врска со економските состојби, како директор за економски прашања при Министерството за надворешни работи (2002-2005).

Франција внимателно ги следи случувањата во Македонија и останува посветена заедно со земјата, во 2018 година, како што беше и во 2001, за да ја придружува на патот на нејзината европска интеграција, стои во соопштението од Амбасадата на Франција.

Би можело да ве интересира

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски