Француски медиуми: Макрон попушта за Северна Македонија и Албанија

Од:

Француските медиуми, веднаш ја пренесоа веста од Безбедносната конференција во Минхен, дека шефот на француската држава Емануел Макрон е подготвен да го подигне противењето на својата земја за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија но ова под соодветни услови.

Париски „Фигаро“ насловува „Макрон помек за Албанија и за Северна Македонија“, „Опинион“ Новите пристапувања во ЕУ: Макрон подготвен да ја промени својата позиција, „БФМ ТВ“ – Макрон попушта за преговорите за членството на Албанија и Северна Македонија, „Ла Трибун“, Проширување на ЕУ – Макрон помек за Албанија и Северна Македонија или „ Бурсорама“ Макрон го отвори патот за приемот на Северна Македонија и Албанија. Сите тие ја пренесуваат изјавата на претседателот Емануел Макрон дадена на конференцијата за безбедност во Минхен.

– Сите чекаме извештај од Европската комисија во март за двете земји. Мораме да видиме што ќе каже Комисијата за состојбата со очекуваниот напредок и во зависност од ова, ако резултатите се позитивни и се воспостави доверба, ние тогаш треба да можеме да отвориме преговори, рече претседателот Макрон на годишната конференција за безбедност во Минхен.

Сепак, како што пренесуваат француските медиуми, Емануел Макрон ја отфрли идејата за чисто француска блокада во оваа сфера.

– Ја поздравувам големата храброст што се состои во тоа да се кријат зад Франција кога има несогласување, но можам да ви кажам дека неколку држави беа против започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија“, рече тој.

Предметот за Северна Македонија и Албанија, според француските медиуми е блокиран веќе неколку недели, што предизвикува иритација кај засегнатите две држави на Балканот, но и иритација на европските партнери на Франција, како Германија, наклонета за проширувањето на Европската унија на Балканот.

Европската комисија, продолжуваат француските медиуми, неодамна поднесе построга и реверзибилна постапка за пристапување во ЕУ со цел да ги исполни условите на Франција во однос на овие две земји, пред самитот за Балканот во мај.

Париз, сега чека извештај за реалноста на реформите што се бараат од овие земји. Ова прашање ќе се најде на дневниот ред на 25 февруари на состанокот на министрите на 27 земји членки на ЕУ во Брисел. Предлогот не ги менува правилата за членство. Но, тоа ќе се заснова на заслугите и ќе подлежи на услови.

Би можело да ве интересира

Макрон: Разговорите со Путин не донесоа напредок за прекин на огнот во Украина

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина