А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Француската одлука за преговори со Северна Македонија ќе ја носи лично Макрон

by А1он02/10/2019 - 17:35631
Share0

Нема напредок во заедничката позиција на Европската унија за одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Франција сѐ уште нема конечен став, се чека на претседателот Макрон лично.

Добивај вести на вибер

Од Советот на ЕУ информираат дека не се донесени нови нацрт заклучоци за Северна Македонија и Албанија на денешниот амбасадорски совет во Брисел, на кој финското претседателство се надеваше дека ќе се постигне напредок во дискусијата за проширувањето.

-Утрово имаше кус преглед на позициите на сите земји членки на Унијата, вообичаено истите земји искажаа поддршка за брз старт на преговорите со двете земји, главно источните и јужноевропските држави, Холандија се покажа понаклонета кон Северна Македонија отколку кон Албанија, Белгија смета дека е важна внатрешната реформа на ЕУ, но од француска страна сѐ уште нема конечен став, велат дипломати од западните земји присутни на состанокот.

За сега, официјално, Париз се држи до добро познатата формула дека ја “поддржува европската перспектива на земјите од Западниот Балкан“, став кој мора да запази два принципа: почитување на владеењето на правото и борбата против корупција во земјите и внатрешна реформа на Европската унија претходно.

Од Советот велат дека од Франција не се очекува да ја дефинира јасно својата позиција најрано до самиот Совет за општи работи на 15-ти октомври во Луксембург, но не е исклучено прашањето да им се остави и на лидерите на ЕУ два дена подоцна на самитот во Брисел.

-Претседателот Макрон ќе ја носи одлуката лично во име на Франција, велат дипломатите во Брисел.

Според други дипломатски извори во ЕУ, изборот да се носи одлуката на ниво на шефови на држави и влади е стратегија на Париз за справување со притисокот со кој би се соочил од страна на земјите кои ќе бараат брзо отворање на преговорите со двете земји.

Друга непозната е одлуката на Холандија која се очекува идната недела. Според сигналите на холандскиот парламент и холандскиот министер за надворешни работи, многу е веројатно Хаг да побара појасно одвојување помеѓу Скопје и Тирана, односно поголема условеност за Албанија.

Ова е конзистентно и со ставот на германскиот Бундестаг кој неодамна изгласа чиста поддршка за Северна Македонија, но условена за Албанија.

Домашните дипломати стравуваат дека доколку дојде до вакво сценарио, одредени земји членки би можеле да инсистираат на пакетот “Скопје-Тирана“ и да се спротивстават на старт на преговори само со Северна Македонија.

Ставот на овие земји се темели врз страв дека преговори само со Северна Македонија би предизвикало незадоволство во Албанија и би можело да има негативни последици врз стабилноста во регионот како и врз дијалогот помеѓу Приштина и Белград.

Од друга страна, поддржувачите на Северна Македонија потсетуваат дека отсуството на награда за компромисот направен од македонска страна за спорот за името испраќа “многу опасен“ сигнал до Белград, кој “не гледа причина“ да презема политички ризик околу косовското прашање, објаснуваат европските дипломати кои се запознаени со содржината на дискусиите помеѓу земјите членки.

eumakedonija

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 16:37

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 15:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен