Француска поддршка за интегративните процеси

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, соопшти собраниската прес-служба.

Груби го информира францускиот амбасадор за работата и активностите на Комисијата, при што истакна, дека во неа има надпартиски консензус за сите прашањата поврзани со интегративните процеси.

Амбасадорот Тимоние ја поздрави работата на Комисијата и истакна дека Франција е силен поддржувач на Република Македонија и партнер на патот кон ЕУ и НАТО.

Груби ја истакна посветеноста за кохезивно општество, длабоки системски реформи, посебно во судството, добрососедски односи и идна интеграција во ЕУ и НАТО. Во тој поглед Груби смета Договорот за добрососедски односи со Бугарија, реформскиот план во согласност со очекувањата на нашите партнери, заокружувањето на нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, адресирање на спорот со името, како и кредибилниот тек на претстојните локални избори се предуслови за интензивирање на поддршката од нашите партнери на нашиот пат кон Брисел.

Би можело да ве интересира

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран