Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство

Од:

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што премиерите на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во вторник 1 август.

Франција се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка, особено на политички, економски и културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот.

Франција потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување.

Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање на погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото, се вели во соопштението на француското Министерство за Европа и Надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Захарова жестоко до Париз: „Баро е лажго“ – ја отфрли тезата дека Русија е слаба