Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово

Од:

Одбележуваме 21 година од формирањето на нашата партија. И ние како фракција уште еднаш ги истакнуваме нашите вредности, врз кои се формира нашата партија. Ги истакнавме уште еднаш нашите барања и нашите незадоволствата што ги имаме внатре во партијата, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на денешната прослава во Тетово по повод 21-годишнината од формирањето на ДУИ.

– Ние сметаме дека изборите во сите ограноци што сега ќе се одржат, во сите ограноци не се легитимни и можеме да конститираме на овој начин, еден член еден глас, се нелегитимни и антистатутарни. Ние пак го креваме гласот дека време е одредницата 20 отсто за албанскиот јазик да се промени во Уставот затоа што не сакаме уште еднаш Уставот да се отвори и да се отворат вакви прашања. Јас сум денеска кај што треба да бидам со основачите на нашата партија и ќе продолжам да бидам дел од фракцијата и да ги истакнуваме уште повеќе нашите барања, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на свеченоста што се одржа на отворено во пред Центарот за култура во Тетово.

На новинарско прашања дали ќе се формира нови политичко движење за реформи во ДУИ, Имери одговори дека ја продолжуваат борбата внатре во партијата со демократски методи.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ