Фракција на ДУИ: Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот

Од:

Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорноста ја информираме јавноста дека:Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут велат од фракцијата на ДУИ во реакција на дененото соопштение од партијата преку кое беше соопштено дека пет челна се повлекле од раковдството.

– На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури. Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут. Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении. Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржат и да ја доведат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски