Фотографии од демолираниот инвентар во МНТ по дивеењето на навивачката група „Шверцери“

Од:

Откорната ограда, оштетен стиропор, искршени делови од столчиња можат да се видат на фотографиите до кои дојде „А1он“, откако навивачката група „шверцери“ на некогашна Слога, а сега фудбалскиот клуб Шкупи во МНТ во петокот прославувала  30 години од постоењето.

Останува нејасно зошто за ваква прослава е одбран токму Македонскиот народен театар и зошто надлежните воопшто им дале дозвола.

Како директен виновник за случувањата во јавноста е посочуван пратеникот Артан Груби, кој важи за долгогодишен поддржувач на навивачката група. Тој за медиумите изјави дека станувало збор за прослава, а дивеење бил упадот во Собранието на 27-ми април.

„Сметам дека реакциите се апсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда. Јас не сум организатор на настанот, но мора да истакнам дека театарот му припаѓа на народот, не е ВМРОовски, СДСМовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, не со парите на ВМРО“, изјави тој.

Останува отворено кој ќе ја надомести штетата, прашање на кое што денеска не даде одговор пратеникот Груби.

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека утринава дознал за инциденотот за кој се огради и повика на одговорност.

Од навивачката група изјавија дека и организирано излегле од МНТ и дека пред да излезат провериле да не случајно е направена некоја штета, но не приметиле ништо такво, иако фотографиите го говорат спротивното.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани