Во пресрет на Бадник, во Центар гореа огнови . Дождот не ги спречи центарци да ја продолжат традицијата и во многу маала да запалат коледарски огнови.
Со добра мисла и посна трпеза, дружењето траеше до доцна во ноќта. Греано вино и ракија, но и музика за убаво празнично расположение и почеток на празнувањето на Бадник и Божиќ.
Со жителите на Центар беше и градоначалникот Андреј Жерновски. На сите им посака спокојни празнични денови и многу среќа и бериќет во Новата година.