ФОТО: Завршна вежба за спасување заложници и извлекување на ВИП личности

Од:

Во касарната во Ѓорче Петров денеска се одржа завршна вежба за упад, спасување на заложници, неутрализирање на терористи и извлекување на ВИП личности.

Завршната вежба е дел од обуката наменета за припадниците на Единицата за брзи интервенции и Посебната единица за поддршка при Министерството за внатрешни работи, која ја спроведуваа француски обучувачи од француската ЦРС служба.

Вежбата ја следеа заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 2019 година е планирано да се одржи уште еден модул на повисоко ниво на обуката.

По завршувањето на обуката и доделувањето на сертификатите, францускиот амбасадор му предаде на заменик-министерот Нухиу опрема за алпинистичкиот тим на ЕСЗ.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР