ВИДЕО: Започна протестот на повеќе здруженија за работничките права

Од:

Со транспаренти на кои пишува „Разбудете се балкански работници и работнички“, „Работници и студенти обединете се“ и „Стоп за приватизација на јавниот простор“, денеска граѓани излегоа на второмајски протест.

Дождливото време не ги спречи граѓаните да излезат на протест против погазувањето на правата и достоинството на работниците.

13113244_10209367350730390_1847089173_o

Протестот започна пред Домот на градежниците, а потоа ќе продолжи пред Работничкиот универзитет, па пред Собранието и на крај ќе заврши пред Владата.

13148045_10209367353450458_614393036_o

Потписници на Повелбата за солидарност се Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ, Движење за социјална правда ЛЕНКА, Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС) и Младинска организација МУГРА.

13106740_10209367411571911_2097903937_o

13120672_10209367353210452_2029295491_o

13128839_10209367392291429_683899244_o

13112413_10209367398091574_1844989469_o

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад