Поставени светски стандарди на високото образование во Македонија. Универзитетот ФОН синоќа со свечен прием го пушти во употреба новоизградениот студентски дом на површина од 20.000 квадрати, со капацитет за 500 студенти.
Студентскиот дом има 150 апартмани, наменски заеднички простор, библиотеки, читални, фитнес центри и свој посебен ресторан за исхрана на студентите.
Овој студентски дом отвара нови врати на глобализација во Македонија истовремено е можност за новите студенти да студираат по светски образовен концепт по врвни стандарди. Сметаме дека со заокружувањето на овој мултифункционален концепт е клучот на квалитетното образование на 21 век, соопштија од ФОН.
Повеќе слики тука.