ФОТО: Убиецот на Мартин Нешковски во затвор се насладува со прасе

Од:

Прасе и пици во затворот за убиецот на Мартин Нешковски

Од каде прасе за затвореник за убиство? Вакви се реакциите на ФБ страната „Правда за Мартин Нешковски“.

ubiecmartin4

Александар, братот на убиениот Мартин, објави фотографии од затворот, на кои се гледа како убиецот на Мартин, специјалецот Игор Спасов, заедно со други затвореници, гордо и задоволно се слика и се насладува со печено прасе со јаболко во устата, потоа нарачани пици и други специјалитети.

ubiecmartin

Мартин Нешковски беше убиен на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011. Одговорните лица во МВР се обидоа убиството да го сокријат, а безбедносните камери, сите до ред, не работеле и не можеше да се види на снимките што точно се случувало.

ubiecmartin2

Мајката на Мартин за тогашната А1 изјави дека луѓе од владеачката партија доаѓале и барале да не говороат ништо за убиството пред медиумите.

ubiecmartin6

На една од фотографиите се гледа дека еден од затворениците слободно си комуницира на мобилен телефон, нешто што е забрането. Но очигледно во нашите затвори, важат различни закони за затворениците.

На ФБ прашуваат дали вакви услови имаат и Љубе Бошкоски и Велија Рамковски?

ubiecmartin5

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска