Прасе и пици во затворот за убиецот на Мартин Нешковски
Од каде прасе за затвореник за убиство? Вакви се реакциите на ФБ страната „Правда за Мартин Нешковски“.
Александар, братот на убиениот Мартин, објави фотографии од затворот, на кои се гледа како убиецот на Мартин, специјалецот Игор Спасов, заедно со други затвореници, гордо и задоволно се слика и се насладува со печено прасе со јаболко во устата, потоа нарачани пици и други специјалитети.
Мартин Нешковски беше убиен на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011. Одговорните лица во МВР се обидоа убиството да го сокријат, а безбедносните камери, сите до ред, не работеле и не можеше да се види на снимките што точно се случувало.
Мајката на Мартин за тогашната А1 изјави дека луѓе од владеачката партија доаѓале и барале да не говороат ништо за убиството пред медиумите.
На една од фотографиите се гледа дека еден од затворениците слободно си комуницира на мобилен телефон, нешто што е забрането. Но очигледно во нашите затвори, важат различни закони за затворениците.
На ФБ прашуваат дали вакви услови имаат и Љубе Бошкоски и Велија Рамковски?