ФОТО: Средба на раководството на СДСМ со кинескиот амбасадор, Вен Џеншун

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска остварија средба со новоименуваниот кинескиот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, Вен Џеншун.

Претседателот Заев посака добредојде и успешна работа на новиот амбасадор како и продолжување на добрата соработка и искреното пријателство помеѓу Социјалдемократскиот сојуз и амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија.

Zaev, sredba

На средбата стана збор и за проблемите со коишто се соочува земјава, политичката криза и предлозите на СДСМ за нејзино надминување.

Амбасадорот Џеншун смета дека само низ искрен политички дијалог од сите страни можат да се надминат предизвиците.

Zaev, sredba 2

На крајот од средбата, амбасадорот Џеншун ги покани претседателот Заев и раководството на СДСМ во посета во Кина, со цел продлабочување на соработката.

 

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски