ФОТО: Спречен шверц на 25 илјади евра

Од:

Цариниците на граничниот премин „Богородица“ од македонски каминонџија заплениле 25 илјади евра. Возачот сакал да ги пренесе девизите во Грција, а притоа тврдел дека парите му ги дал сопственикот на фирмата. Имено сопственоста на фирмата е во Арачиново.

При претресот, 13 илјади евра биле пронајдени во внатрешниот џеб од јакната на возачот, а помеѓу панталоните и појасот, пронајден е уште еден пакет со 12 илјади евра.

evra-sverc

Согласно Законот за девизно работење вратени му се 770 евра за кои изјавил дека се негови пари, а останатите се привремено задржани.

evra-sverc-02

Против лицето е покренета прекршочна постапка.

 

Би можело да ве интересира

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце