(ФОТО) СДСМ: Битола го преживеа крајот затоа што живее во 1912 година

Од:

„Денес сме пред седиштето на општина Битола со единствена цел да побараме прошка од градоначалникот Талески и ДПМНЕ. Искрено жалиме и се извинуваме за сите наши прес конференции и пародии со кои сакавме да прикажеме колку тие се неуспешни. Навистина грешевме. Се извинуваме бидејќи Талески бил неуспешен, но со добра причина. Сакал да не заштити од крајот на светот, па Битола ја уназадил за цели 100 години. Така да и покрај тоа што на 21.12.2012-та – задвчера, светот го снема, Битола и битолчани сме спокојни со нашиот градоначалник, затоа што живееме во 1912-та година“, рече Методија Илијевски, претседател на ЛК СДММ Битола.

Талески рече тој, со добра намера го уназадил економскиот развој, спортот, туризмот, културата, старата битолска чаршија, основното и средното образованието, мислејќи дека на тој начин се враќа времето. И успеа – Ете не живи и здрави во 1912-та година.

[nggallery id=123]

Со цел да му помогнеме во промоцијата на неговите дела, негова омилена активност, решивме да изработиме еден леток каде е јасно прикажано развојното уназадување на Битола – споредбата на нашето секојдневие со она на “кутрите ни наши скопјани кои не успеаја да се уназадат”.
Но, почитуван Талески, почитувани од ДПМНЕ, тоа што не вративте во 1912-та година не ќе да е на Ваша среќа, затоа што граѓаните денес не живеат толку добро како што живеете вие и токму затоа ќе ве казнат.

СДСМ заедно со Менде Диневски, ќе го вратат сјајот на овој историски град и убедливо ќе Ве поразат уште во првиот круг, на следните локални избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски