На Светскиот ден на младите, Социјалдемократската младина алармира за лошите, тешки услови со кои младите во Македонија се соочуваат секој ден и поради кои стравуваат за своето утре, рече Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.
Лошите, погрешни политики на оваа власт најсилно ги почувствуваа младите во Република Македонија. 58% од младите во Македонија се невработени. Затоа заминуваат во странство со билет во еден правец. Бројката млади кои заминуваат расте буквално секој ден, вели тој.
Поразителен е фактот што нашата државата останува без млади луѓе, без својата иднина. Бројката од 250.000 иселени млади од Република Македонија го вклучува алармот за црвена тревога.
Средношколците се под притисок на екстерно тестирање. Власта, ментално и психички ги оптоварува младите со бесмислено тестирање кое не го валоризира ангажманот ниту на учениците ниту на професорите.
Кога ќе завршат со таа голгота, голем дел треба да помине низ уште една: Руинирани студентски домови во кои до соба се доаѓа само со партиска книшка, како “придобивка“ за младите од власта на ВМРО ДПМНЕ.
Имаме Високи партиципации за студирање за кои нашите родители и последниот денар од својот џеб го даваат, некои дури и се задолжуваат, со верба дека нивните деца ќе изградат сигурна и безбедна иднина во нашата земја.
Дури 75% од младите сакаат да заминат од Македонија.
Го прашуваме најповиканиот, Никола Груевски, чуму високите партиципации и задолжувањата кои мора да ги плаќаат нашите родители? За да не поздрават на аеродромите со авионска карта во рацете?
Држава без младина е држава без иднина. Младите луѓе се витален дел и движечка сила во општеството.
На светскиот ден на младите порачуваме: ние младите во Македонија сакаме добро образование, бараме шанса за пристојна работа без партиски уцени, бараме државата да почне да се грижи за нашата иднина, а не за нашето минато. Ние, младите од Македонија сакаме иднина дома, а не надвор.