(ФОТО) СДMМ: За живот во мувла и влага плаќаат студентите во Стив Наумов

Од:

„Влага, мувла, руинирани соби и тоалети.

Ова е “посветеноста” на ВМРО-ДПМНЕ и на Министерството за образование и наука кон младите луѓе во Македонија!

Во овие ли тоалети Груевски и неговите соработници ќе поставуваат машини за перење и сушење?

Не се перат со ништо 10-годишните стиропор политики преку коишто власта на Груевски краде и се богати, ниту се пере фактот дека оваа неодговорна власт ги стави студентите во мизерни услови, со огромни трошоци.

Трошоците за живот на еден студент се поголеми од една плата и тој факт го потврдија и партнерите Лутфиу и Ристовски на чело на Министерството за образование.

Минималната месечна плата изнесува 10.080 денари додека месечните трошоци за студент сместен во дом се најмалку 10.277 денари. Трошоците на студент кој не е примен во студентски дом се над 20.000 денари.

Нашите политики гарантираат студентски стандард и достоинство. Студентите заслужуваат реконструирани студентски домови и еднакви шанси за вработување. Од ова нема отстапки“, соопштуваат од СДММ.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска