ФОТО: Протест на средношколците во Куманово

Од:

Денеска во Куманово се одржа протестен средношколски од од гимназијата „Гоце Делчев“ до подрачната канцеларија на Државниот инспекторат во Куманово. Таму средношколците со говори ги потсетија надлежните дека доколку не отпочнат дијалог, протестите и оваа учебна година ќе продолжат.

12179770_10208004013273371_1193763922_n

Средношколците бараат изменување на екстерното тестирање и моделот на државна матура да остане ист за оние средношколци кои се моментално ученици во средното образование, а новите модели да важат за учениците кои допрва треба да се запишат во средните училишта. Притоа, Средношколскиот Пленум да учествува во моделирање на новите начини на тестирање.

12180091_10208004013913387_656672097_n

Маршот во Куманово е продолжение на притисок кон надлежните, откако на вчера во Скопје, средношколците на првиот протестен марш за оваа година истакнаа дека притисоците кон МОН ќе продолжат. Од Пленумот порачаа дека не ја исклучуваат можноста од бојкот на наставата, повторно кампување пред МОН како и други форми на притисок, сè додека не се исполнат нивните барања.

12179296_10208004015633430_1816216157_n

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски