ФОТО: Прикриено името на Македонија и кај министерот Попоски во ОН

Од:

И на заедничката фотографија на претседателот Иванов со министерот Попоски во седиштето на ООН, јасно се гледа дека името под кое е примена Македонија во светската организација е скриено.

Причината зошто некој од МНР го затемнува ФИРОМ засега е мистерија. Фотографот кој бил со државната делегација е вработен во Министерството за надворешни работи.

-Јас знам дека не сум го сторил тоа. Вие како сакате сфатете го тоа, изјави фотографот на МНР, Љупчо Благоевски за Плусинфо.

На низата фотографии кои ги објави агенцијата МИА на кои се гледа електронскиот дисплеј поставен пред претседателот Ѓорге Иванов на 69.

Генерално собрание на Обединетите нации, еднаш пишува дека е од FYR of Macedonia, а на таа каде тој е во преден план се гледа замаглениот дисплеј на кој не може да се види од која земја доаѓа.

Би можело да ве интересира

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

А1он

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска