ФОТО: Претседателот Иванов одржа предавање на Универзитетот Џорџтаун во Доха

Од:

Со предавањето на тема „Балканот и Заливот: крстосница на цивилизациите“ на Универзитетот Џорџтаун во Доха, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја заврши официјалната посета на Катар.

– Балканот и Заливот се крстосници на цивилизациите кои биле направени од империите, трговијата, културата и религијата. Тоа се места каде цивилизациите не се судираат, туку комунцираат, разменуваат и се поврзуваат создавајќи плодна почва за дијалог меѓу цивилизациите, истакна претседателот Иванов.

Македонскиот народ, посочи, секогаш бил на страната на мирот и заедништвото.

ivanov2

– Општествата на Балканот се мултиетнички како резултат на долгиот период на опстојување на империите на овој простор. Македонија живеела и живее во светот на различноста почитувајќи го она што ни е оставено во наследство. Животот не научил на соживот толеранција и меѓусебно помагање, рече шефот на државата.

Македонија, како што додаде, е посветена на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог.

– Нашата посветеност ја покажуваме преку градење и развивање блиски и пријателски однси со земји кои припаѓаат на различни цивилизации и на билатерално и на мултилатерално ниво. Нашиот мултиенички и мултирелигиски демокатски модел е извор на голем креативен потенцијал- мост за взаемно разбирање почитување и соживот, нагласи Иванов.
Говорејќи за претстојниот Форум на дијалогот меѓу цивилизациите чиј домаќин годинава ќе биде Македонија, претседателот Иванов истакна дека токму дијалогот меѓу религиите и културите е основниот инструмент за надминување на предрасудите и стравот, и за зближување и разбирање меѓу луѓето.

Во својот говор тој ја потенцира идејата за отворен простор, кој нуди оторање на пазарот и можноста за успех.

– Европската идеја е мировен проект и затоа сите ние што живееме на Балканот се надеваме дека со интегрирање во Европската унија конечно доаѓа мирот на овие простори. Со ЕУ доаѓаат европски стандарди, критериуми и принципи и кога сето тоа ќе се почитува граѓаните ќе имаат правна сигурност и желба за потрага по среќа, рече Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on