ФОТО: Поставен камен-темелникот на „Св. Константин и Елена“ во Штип

Од:

Во Штип денес беа поставени темелите на новата црква „Св.Константин и Елена“ во населбата „Балканска“. НеговотоВисоко Преосвештенство, митрополитот брегалнички г. Иларион во присуство на неколку стотици граѓани гопостави камен- темелникот на новата црква.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ктитор на црквата „Св. Константин и Елена“ е штипскиот бизнисмен, Ванчо Богдов, а црквата ќе биде посветена на неговите родители Елена и Анѓел.  Дел од средствата ќе бидат обезбедени преку донации од жителите на оваа населба и од Здружението „Македонски Егеј“ од Штип.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Темелите на црквата се поставени во спомен- паркот во населбата Балканска, каде што пред една година беше поставена и спомен- плочата  во чест на загинатите Македонци од Егејска Македонија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На свеченоста присуствуваа и повеќе политичари од Штип, а свое обраќање пред посетителите имаше и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во моментов во Штип се градат уште шест цркви во повеќе приградски населби.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on