Никола Младенов, новинарот и сопственик на весникот „Фокус“, кој загина во сообраќајна несреќа, беше погребан денеска на Градските гробишта во Бутел.
Претходно, во Младинскиот културен центар во 11 часот се одржи комеморација за Младенов.
Никола Младенов загина во сообраќајна несреќа во близина на Скопје, кај населбата Хиподром кога возилото со кое се превезувал излета од патот.
Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кариерата ја почнува како млад актер, но кон средината на 80-тите почнува да работи како новинар во „Млад Борец“. Потоа го основа радиото Либертас, а во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник Фокус. Брендот на Фокус, Младенов го градеше цели 20 години. Во 2011 година го основа и дневниот весник „Фокус“.
Фото: МИА