Петарди, јајца и други предмети завршија во фасадата на МНР. И покрај дождливото време, колона граѓани излезе на улиците за да искаже револт против францускиот предлог. Пакет јајца донесоа со себе присутните. Тие скандираа „Никогаш Северна, само Македонија”, „Оставка”.
Пукотници од петарди се слушаа во центарот на Скопје. Црвени факели беа фрлани кон зградата на МНР, каде демонстрантите бараа оставка од министерот Бујар Османи.
Присутните стигнуваат пред Собранието каде има силно полициско обезббување исто како и во целиот центар на Скопје.