ФОТО: Охридските средношколци ја бојкотираат наставата

Од:

Средношколците од СОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид денеска не ја следеа наставата и протестираа пред охридската гимназија. Тие се спротивставуваат на новиот концепт за полагање државна матура и бараат да се врати стариот начин.

Новиот концепт на полагање на државната матура негативно се одразува и врз сегашните матуранти и врз идните, и не придонесува за повисок квалитет и повисоки знаења. Тука е вклучено електронското полагање и полагањето во седум дена кое за нас е многу напорно, несигурно и неприфатливо – истакна Емилија Костоска, ученичка во ова училиште.

Охридските средношколци беа одлучни дека нема да се вратат на настава се додека не се сослушаат барањата на Средношколскиот Пленум и дека ќе им се придружат на своите врсници низ целата држава.

srednoskolci-ohrid1

Бојкотот на наставата средношколците уредно го пријавиле до директорот на училиштето. Преку писмото испратено до директорот, охридските средношколци ги доставиле и барањата за начинот за полагање на државна матура кои се идентични со Средношколскиот Пленум во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ