ФОТО: Охридскиот хотел „Ривиера“ ќе работи со полна пареа оваа туристичка сезона

Од:

Охридскиот хотел „Ривиера“ оваа туристичка сезона ќе биде отворен за туристите и ќе работи со полна пареа. Откако претходните газди го изгубија хотелот, а поради хипотекарни побарувања Комерцијална банка го зеде под своја надлежност и истиот го стави на продажба за сума од 3,5 милиони евра, „Ривиера“ од вчера се реновира.

Според информации на А1он, „Ривиера“ бил земен на користење под кирија за периодот во наредните пет години од страна на фирмата која ги има и хотелот „Десарет“ во Пештани и Автокампот „Љубаништа“.

riviera-ohrid-hotel1.jpg

Од хотелот се вадеше старата и се носеше нова опрема која ќе биде неопходна за нормално функционирање на хотелот кој се наоѓа на атрактивна локација во центарот на Охрид, покрај самиот езерски кеј.

riviera-ohrid-hotel2.jpg

Од Комерцијална банка пред неколку месеци потврдија дека хотелот е на продажба. Хотелот изминатиов период целосно беше поради неговото некористење.

riviera-ohrid-hotel.jpg

„Хотелот кој сега е сопственост на Комерцијална банка и истиот се објавува за продажба по цена од 211.882.501,00 денари (без вклучен ДДВ, данок на промет и други трошоци за продажба). Хотелот е стекнат во сопственост на Банката во постапка на реализација на хипотека заради наплата на побарувања на Банката“, изјавија од Дирекција за управување и информирање на Комерцијална банка АД Скопје.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион