(ФОТО) Охрид – инцидент: Со автобус влезе на сред опозиција

Од:

Инцидент се случи на протестите вечерва на СДСМ во Охрид, кога автобус на една компанија влета во толпата граѓани кои го блокираа патот обидувајки се да помине и да продолжи кон саканата дестинација. При тоа толпата луѓе се стрчаа кон автобусот и се обидоа да го спречат да продолжи понатаму.

Еден гарѓанин се здоби и со лесни повреди на раката и му беше укажана лекарска помош. Остатоци од скрешеното стакло на автобусот останаа на патот на крстосницата помеѓу улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“ каде половина час стотина членови и симпатизери на СДСМ го блокираа патот и не им дозволуваа на возилата со исклучок на оние на брзата помош да поминат.

„Автобусот се обиде насилно да помине покрај луѓето и затоа се случи инцидентот.сите возила кои одат кон болница се пропуштаат.Овие протести преминуваат во ошта непослушност во сите градови. Сето ова ќе трае се додека владата не се свести да не ги крши човековите права. Ако може Груевски и владата 7 години да ја блокираат општина Охрид и ние можеме кога сакаме да блокираме“, рече градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Петрески рече дека протестите продолжуваат секој ден на различни локации во градот и оти очекува уште поголема подршка од граѓаните и членовите на СДСМ.

„Можеше да се случи поголема катастрофа, бидејки автобусот влета директно во масата луѓе“, рекоа дел од присутните кои улествуваа во граѓанската непослушност.

„Ова што се случува во Македонија е умрена демократија. Тешко нас обичните граѓани. Ова што се случува е хаос, анархија, лоповлук“, рече друг член на СДСМ.

„Ова е дитактура невидена. Aвтобус помина и ќе ги изгазеше луѓето. Ова е груевска диктатура, Груевски е диктатор и треба што побргу да се симне од власт“, рекоа присутните.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство