Социјалдемократската младина на Македонија издаде нов број од герилскиот весник: „Вистината за Македонија до секој граѓанин…”
Првите примероци од новиот број беа поделени на граѓаните од Прилеп и Кичево.
СДММ пишува за партизираноста на македонското судство, особено за последниот случај каде Сашо Мијалков одлучува кој да биде судија. Може да се забележат статии и за рекетот во Струмица, парцелите на Груевски на Водно… СДММ потсетува и на „старите бомби“, случајот Љубе Бошкоски, начинот на кој се уредуваат вестите, случајот „Космос”…
Во соопштението на официјалната Facebook страна на СДММ, младите се заблагодаруваат на одличниот прием од граѓаните. Целта им е Вистината за Македонија пред се да ја дознаат повозрасните граѓани, кои немаат пристап до интернет. Охрабрени од успешноста на првиот број продолжуваат да бидат на „секое пазарче, автобуска, парк, плоштад и да ја презентираат визијата за една поинаква Македонија”.