ФОТО: Невремето пристигна и на југот од Македонија

Од:

Најавеното невреме со силни врнежи, кое ја зафати цела Македонија, денеска попладнево пристигна и на југот од државата. Облаци од силен пороен дожд проследен со краткотраен град во 17:45 минути ги изненади пешаците и работниците на отворени простори во Гевгелија.

nevre gevge (8)

Петнаесетминутните интензивни врнежи преплавија дел од улиците во градот поради слабата пропусна моќ на атмосферската канализација.

nevre gevge (7)

Преплавени останаа и некои од дворовите од индивидуалните куќи поради неможноста земјата да ја прими сета влага што наврна попладнето.

nevre gevge (5)

Утринава од регионалниот Центар за управување со кризи беше проследено соопштение со најава за нестабилно време во централните и источните делови на земјата, но невремето пристигна и на југот од државата.

nevre gevge (4)

За состојбите во другите терени низ населените места од општината сè уште се собираат податоци, како и за можни штети на земјоделските посеви низ гевгелискиот регион.

nevre gevge (3)

nevre gevge (6)

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд