ФОТО: Министерот Јанакиевски во посета на Штип

Од:

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, денес беше во работна посета на Штип каде што присуствуваше и на официјалното пуштање во употреба на реконструираниот пат што води кон селото Љуботен.

„Во моментот сме овде да означиме крај на еден значаен локален пат за општината Штип, тоа е патот до селото Љуботен“, изјави Јанакиевски.

За реконструкцијата на овој патен правец со должина од 1776 метри и 5-6 мети ширина, Владата на Република Македонија во соработка со ЈП Македонски патишта обезбеди 230.000 евра, а за изведбата на градежните работи беше задолжена скопската фирма „Гранит“.

janakieski-stip-pat (1)

На средбата што министерот Јанакиевски ја оствари со градоначалникот Захариев било разговарано за повеќе прашања,меѓу кои и за стартот на изградбата на автопатот Скопје-Штип, чија изградба треба да започне во првиот квартал од следната година, како и за состојбите со легализацијата на дивоизградените објекти на територијата на општина Штип.

Јанакиевски истакна дека во моментот се работи на шест регионални патни правци, од кои поголемиот дел се токму во Источна Македонија, а во следниот период како главни приоритети на Владата се предвидени реконструкцијата на регионалниот пат што го поврзува Радовиш со Конче, патниот правец Велес- Кадрифаково, како и изградбата на автопатот Штип-Скопје.

janakieski-stip-pat (3)

Штипјани останаа помалку збунети поради пуштањето на реконструираниот патен правец до селото Љуботен,бидејќи истиот веќе беше пуштен во употреба од страна на градоначалникот Захариев во јули.

М.Р.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он