ВИДЕО: Лидерите пречекани со протест пред клубот на пратеници

Од:

Група граѓани денеска протестираат пред клубот на пратеници каде ќе се одржи лидерската средба на која премиерот Заев ќе ги информира претседателите на парламентарните партии за акутелната ситуација во решавањето на спорот за името со Грција.

Граѓаните со себе носат транспаренти со испишани пораки упатени пред се до премиерот Зоран Заев, „не го даваме името“,„сопрете го холокаустот врз Македонците“, а се пеат и патриотски песни.

Револтираните граѓани велат дека македонскиот премиер нема право самостојно во име на целиот народ да решава за идентитетот на државата.

Покрај лидерите на најголемите политички партии во државата, на лидерската средба присуствуваат и претседателот на државата, Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери.

Засега ставот на политичките партии во врска со предлогот Република Илинденска Македонија се уште не е познат, освен оној на крилото на Касами од Беса кој пред почетокот на средбата изјави дека овој предлог не е прифатливо решение за сите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата