ФОТО: Куманово го празнува Денот на востанието

Од:

По повод големиот национален празник, 11-ти октомври, Денот на востанието на Република Македонија, високи функционери и делегации од државата, утрово положија цвеќе на Спомен Костурница во Куманово.

Пред присутните се обрати членот на претседателство на Сојуз на борци од Народно-ослободителната и антифашистичката војна, Зора Ивановска.

kumanovo-11okt2013

-Горди сме што во најтешките мигови во 1941 година Куманово го избра вистинскиот пат и тргна во борба за ослободување на својот народ-истакна Ивановска.

На одбележување на празникот присуствуваа градоначалникот, Зоран Дамјановски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и претставници на владата, армијата, Сојузот на борци, политичките партии, јавните претпријатија, училиштата и многу други.

kumanovo-11okt20132

-Куманово даде многу жртви, народни херои. Токму тие луѓе го поставија основниот темел на слободата на Република Македонија. На овие простори се формираше и Ослободителното движење, како и првата македонска држава, АСНОМ во Прохор Пчински. Самото тоа зборува дека Куманово е главната точка на слободата во Македонија-изјави градоначалникот Дамјановски.

Осумдесет и петгодишната, Царевка Виличиќ, која на 15 годишна возраст била во првите борбени редови зборуваше за храброста на борците од НОБ.

-Бевме група од пет шест другарки и решивме да излеземе со партизаните. Тие веднаш ни дадоа пушки, со кои два дена учевме како да пукаме, за да знаеме да се одбраниме, доколку бидеме нападнати –изјави таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов